Грант од 1,3 милиони евра доби Агенцијата за вработување од европската комисија со цел невработените да станат конкурентни на пазарот на трудот. Парите треба да бидат искористени за обуки и практиканство. Проектот ги опфаќа невработените млади лица до 27 години, невработените жени и оние кои повеќе години бараат работа. Првата фаза од проектот е предвидено да трае 15 месеци и да опфати 8.000 лица. Пред да бидат селектирани, ќе биде распишан јавен оглас на целата територија и сите лица што се заинтересирани за која било од овие мерки што ќе бидат спроведени ќе може да се јават, сами да се пријават на мерките. Доволно е само да се невработени. Ова ќе овозможи ЕУ да продолжи да ја кофинансира оваа иницијатива во претстојните години, а финансиската анвелопа од осум милиони евра веќе е распределена за оваа мерка. Исто така ќе покаже дека земјата постигнала значаен чекор во развојот на здрави капацитети за спроведување на една од главните форми на помош кои што ги користи Европската Унија.
Грант од 1,3 милиони евра доби Агенцијата за вработување од европската комисија со цел невработените да станат конкурентни на пазарот на трудот.
Парите треба да бидат искористени за обуки и практиканство. Проектот ги опфаќа невработените млади лица до 27 години, невработените жени и оние кои повеќе години бараат работа.
Првата фаза од проектот е предвидено да трае 15 месеци и да опфати 8.000 лица.
„Пред да бидат селектирани, ќе биде распишан јавен оглас на целата територија и сите лица што се заинтересирани за која било од овие мерки што ќе бидат спроведени ќе може да се јават, сами да се пријават на мерките.
-Доволно е само да се невработени“, изјави Владо Поповски, директор на Агенција за вработување.
„Ова ќе овозможи ЕУ да продолжи да ја кофинансира оваа иницијатива во претстојните години, а финансиската анвелопа од осум милиони евра веќе е распределена за оваа мерка.
-Исто така ќе покаже дека земјата постигнала значаен чекор во развојот на здрави капацитети за спроведување на една од главните форми на помош кои што ги користи Европската Унија“, вели Андријана Шукова - Тошева, директор на Европската комисија за социјални работи и еднакви можности.